Next-Gen OLED гејминг монитори создадени за компетитивна игра

Зошто OLED ја менува играта?

aoc_oled_feature_image2

Контрола на ниво на пиксел, оптимизирана за перформанси

Самоосветлувачките пиксели овозможуваат прецизна контрола на осветленоста без влијание од позадинско осветлување. AGON by AOC ја усовршува оваа технологија за чисти темни сцени, контролирани светли делови и конзистентна јасност на сликата — за секоја визуелна информација да остане остра и сигурна во секој момент.
aoc_oled_feature_image1

Вистински црн контраст за подобра прегледност

Благодарение на пиксели што можат целосно да се исклучат, AGON by AOC OLED обезбедува вистинска црна боја и практично бесконечен контраст. Со VESA Certified DisplayHDR™ True Black, се подобрува перцепцијата на длабочина и деталите во сенките — така што клучните елементи се забележуваат побрзо и појасно.
aoc_oled_feature_image3

Брзина што одговара на компетитивната игра

OLED време на одзив до 0.03 ms во комбинација со високи стапки на освежување овозможува мазно движење и речиси инстант транзиции на пикселите. За компетитивните гејмери тоа значи помал blur, попрецизно следење и визуелен фидбек што го следи секој твој потег.
OLED_3_years_warranty

OLED перформанси, заштитени на AGON by AOC начин

Секој AGON by AOC OLED и QD-OLED гејминг монитор е дизајниран за долгорочни перформанси и поддржан со 3-годишна гаранција со burn-in покриеност*. Паметните функции за заштита на панелот помагаат да се одржи квалитетот на сликата — за ти да се фокусираш на она што е најважно.
OLED_color

Боја на која можеш да се потпреш

Фабрички калибрирани со Delta E < 2, нашите OLED дисплеи обезбедуваат прецизна и реална репродукција на бои со широка покриеност — така што тоа што го создаваш е токму она што ќе го види твојата публика.
OLED_dark_control

Целосна контрола во темни сцени

Со 99% DCI-P3 покриеност на боја, секоја нијанса се прикажува со кинематографска длабочина и прецизност — додека вистинската црна ги подобрува деталите во сенките за сигурен color grading и уредување.
OLED_screen

Еден екран. Нула компромиси.

Играј, уредувај, стримај и создавај на еден OLED монитор — без промена на сетап и без компромис во перформанси, јасност или прецизност.

* Burn-in покриеноста е предмет на условите и правилата на AOC гаранцијата и придржување кон модел-специфичните насоки „Special Care for OLED Monitors“ и „Special Care for QD-OLED Monitors“. Гаранцијата важи само во регионот на ЕУ.